Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Bez autora
Feb 29 2024

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари изнесува 5,55 проценти и е зголемена за 0,08 процентни поени на месечна и 0,57 процентни поени на годишна основа, објави Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,72 проценти и на месечно ниво таа е намалена за 0,07 процентни поени, при годишен раст од 0,79 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити во јануари се забележа минимален месечен раст од 0,01 процентни поени и изнесува 5,22 проценти, додека на годишна основа е зголемена за 0,17 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,22 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,15 процентни поени, во услови на годишен раст од 0,71 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен раст од 0,11 п.п. и изнесува 5,44 проценти, а каматната стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,21 проценти и на месечна основа е намалена за 0,09 процентни поени.

Кај домаќинствата се бележи зголемување од 0,06 процентни поени на месечно ниво на вкупните кредити, а кај новопримените кредити има месечен раст од 0,24 процентни поени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik